Search

Мали инциденти на протестите во Солун против Договорот од Преспа

Мали инциденти на протестите во Солун против Договорот од Преспа

Помала група демонстранти предизвика мали инциденти на крајот од протестот во Солун, против Договорот од Преспа и по повод политичкиот настан на СИРИЗА на кој говореше грчкиот премиер.

Според локалните медиуми, групата, со пиротехнички материјали ја нападнала полицијата, која одговорила со мала количина солзавец, а кусо интервенирала и со водени топови, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходно, насобраните граѓани, организирани преку социјалните мрежи од десничарско ориентирани здруженија и организации, кои што се против Договорот од Преспа, со грчки знамиња и со слогани „Ципрас, предавнику”, од Белата кула се упатија кон спортската сала каде што требаше да започне говорот на Ципрас. Откако наидоа на полициска блокада и не им беше дозволено да продолжат, се вратија назад и одново беа спречени во нивната намера, вториот пат, да стигнат до канцелариите на СИРИЗА.

Грчката новинска агенција АНА-МПА јави дека пред почетокот и за време на протестот, полицијата, превентивно, привела најмалку 20 лица, без да биде познато дали некој е уапсен.

Во исто време, антифашистички протест, кој заврши мирно, организираа анархистички групи и здруженија

Треба да знаете
Последни објави