Search

Малите продавачи го молат Безос да се воздржи од Црн петок

Малите продавачи од САД би биле најсреќни ако за време на корона-кризата, големите трговци, како Амазон, одлучат да го прескокнат овој Црн петок и да им ја препуштат шансата за профит.

Француската влада им нареди на големите трговци на интернет да го одложат намалувањето планирано за Црн петок за да не бидат во нееднаква положба со оние кои не можат да работат поради строгите мерки за сузбивање на пандемијата, пишува „Телеграф бизнис“.

„Би било прекрасно ако Џеф Безос земе слободен ден и ни остави дел од колачот на нас, помалите продавачи. Мислам дека луѓето не можат да разберат колку е сега тешко за нас “, вели сопственик на бутик.

Сепак, „Амазон“ објаснува дека 1,7 милиони мали и средни компании работат за нив, што сочинува околу 60 проценти од целата продажба на оваа платформа.

Илјадници мали бизниси веќе се затворени од почетокот на битката со пандемијата, бидејќи за нивното опстојување не беше доволна дури ни државната помош. Од оние кои продолжуваат да работат, околу 20 проценти не се сигурни дека ќе можат да закрепнат од ударот што им го нанесе глобалната борба против вирусот.

Ако малите трговци нудат попусти како оние што ги нуди „Амазон“ за Црн петок, многу од нив ќе бидат на нула во најдобар случај.

 

Треба да знаете
Последни објави