Search

Малер јавно ќе сведочи пред американскиот Конгрес

Специјалниот американски обвинител Роберт Малер, кој објави извештај за вмешаност на Русија на претседателските избори во април 2016 година, јавно ќе сведочи пред Претставничкиот дом на 17 јули, објавија претседателите на два комитета на американскиот Конгрес.

Претседателот на Комитетот за правда, Џеролд Надлер, и на Комитетот за разузнавачката агенција Адам Шиф, во заедничката изјава објавија дека Малер се согласил да сведочи откако двајца судии вчера издадоа судска наредба, т.н. судска покана (subpoena).

Извештајот на 448 страници на Малер ја објаснува врската помеѓу претседателската кампања на тогашниот кандидат Доналд Трамп и на Русија. Во неа се наведува дека Трамп ја попречувал истрагата, но заклучено е дека тој и неговите соработници не учествувале во криминален заговор со Москва.

Повикот за сведочења повторно може да го предизвика негодуавње на Трамп, кој постојано повторува дека вмешаноста на Русија на изборите е „лов на вештерки” и дека по објавувањето на извештајот на Малер тој смета дека прашањето треба да биде затворено.
Малер го прекина молкот кон крајот на мај, велејќи дека истрагата не го ослободила Трамп од сомневање и дека Конгресот бил единствениот овластен да ја продолжи истрагата.

Треба да знаете
Последни објави