Search

Малезија: Труење на 75 лица најверојатно од отпадни гасови

Над 500 училишта и градинки се затворени денеска во Малезија откако повеќе десетици луѓе биле хоспитализирани со симптоми слични како при вдишување отровни гасови.

Повеќето од 75-те хоспитализирани се ученици, кои имале проблеми со дишењето, повраќале и имале вртоглавица.

Постои сомнеж дека вдишале отровни гасови, најверојатно од отпадот што го фрлаат фабриките во малезиската држава Џохор, во близина на границата со Сингапур.

– Постојат фабрики кои не се воопшто загрижени за безбедноста, па затоа инцидентот се повторува. Поради тоа мора да ги идентификуваме виновниците, истакна малезискиот премиер Махатир Мухамед.

Сличен инцидент се случил во март, исто така, во Малезија, кога 1.200 луѓе биле хоспитализирани со слични симптоми.

Треба да знаете
Последни објави