Search

Малезија ги затвора погоните на најголемиот производител на заштитни ракавици, откриена е инфекција

Малезија објави затворање на скоро 30 фабрики од корпорацијата „Топ Гловс“поради тестирање и карантин, откако било потврдено дека повеќе од 2.000 работници во најголемиот светски производител на гумени ракавици се заразени со Ковид-19.

Малезиското Министерство за здравство објави нагло зголемување на бројот на заразени лица во установите на „Топ Гловс“ и во неговите сместувачки капацитети за работниците. Од 5767 тестирани работници, 2453 од нив добиле позитивен резултат.

Владата најави дека ќе затвори етапно 28 фабрики, без да прецизира распоред за затворање. Минатата недела воведе 14-дневни ограничувања во дел од земјата околу 40 километри западно од главниот град Куала Лумпур, каде се наоѓаат фабриките и студентските домови на „Топ Гловс“.

Во најавата за акции во понеделникот, „Топ Гловс“ објави дека го прекинал производството во 16 од своите 28 фабрики минатата среда, а останатите 12 работеле со значително намален капацитет.

Треба да знаете
Последни објави