Search

Малезискиот премиер поднесе оставка

Премиерот на Малезија, 94-годишниот Махатхир Мохамед денеска ја понуди својата оставка до малезискиот крал, Султан Абдулах Султан Ахмад Сах.

Тој поднесе оставка откако неговата партија ја напушти владејачката коалиција, две години по формирањето.

Во соопштението од кабинетот на премиерот, само се наведува времето кога е понудена оставката, но не и детали.

Аналитичарите погодуваат на кого кралот сега би можел да ја пружи поддршката или дали ќе се распишат нови избори.

Треба да знаете
Последни објави