Search

Малезиската влада ги советува жените да работат од дома нашминкани и да не им пречат на сопрузите

Малезиското Министерство за семејство на „Фејсбук“ постави сет на упатства за жени кои работат од дома за време на карантин поради коронавирус.

Владата ги советува жените да бидат убаво облечени, нашминкани и да се однесуваат како што тоа би го правеле кога одат на работа. Тоа вклучува пристоен разговор со сопрузите и исклучува саркастични коментари или задевање што не се препорачува во овој пост.

Жените исто така не треба да влегуваат во дискусии и расправии со сопрузите кои не сакаат да ги вршат домашните работи. Ако мажите решат да им помогнат, жените треба убаво да им објаснат што прават, без иронични коментари. Покрај тоа, се препорачува жените кога разговараат со своите сопрузи да се обидат да го имитираат гласот на Доремон, лик од јапонски манга филмови.

Соопштението предизвика револт кај организациите за права на жените во Малезија, кои го осудија ваквиот потег на владата, нарекувајќи го дискриминаторски и поразувачки за општеството. Во моментов Малезија е рангирана на 104. место на светската ранг-листа за еднаквост на половите.

Треба да знаете
Последни објави