Search

Малдини: Модриќ не е тема на нашите разговори

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини ги демантираше гласините дека клубот преговара за трансфер на хрватскиот капитен од Реал, Лука Модриќ.

– Модриќ воопшто не е тема на нашите разговори, ниту сме разговарале околу неговиот транфер. И порано кажав, ќе кажам и сега, нам ни требаат млади и искусни играчи покрај кои тие ќе се развијат. Модриќ е одличен играч, но во моментов не не интересира, изјави Малдини.

Тој додаде дека врвните играчи се скапи, а дека на Милан му е потребно да го засили средниот ред бидејќи им заминаа четири играчи за врска.

– На Милан не му се брза. Преодниот рок трае до 2 септември, а моментално не интересира Веретоут и Бенацер. Се разбира дека би сакале да ги имаме најдобрите, но моментално ги донесуваме тие што можеме”, додаде Малдини. 

Треба да знаете
Последни објави