Search

Малдини и Бобан го сакаат Елмаз во Милан, ќе искешираат 30 милиони евра

Како што пренесуваат италијанските медиуми, директорите на Милан Паоло Малдини и Звонимир Бобан се одушевени од настапите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во Наполи и им е прва трансфер желба уште во јануарскиот период.

„Миланезите“ исто така се во фаза на реорганизација на тимот, сакаат да доведат млади и талентирани играчи па во Елмас гледаат идеаелн профил.

„Дијамантот“ изминатово лето се пресели на Сан Паоло во трансфер вреден 16 милиони евра, плус бонус од 1,5 милиони евра, а Фенербахче ќе добие и 1,5 милиони евра од следната зделка.

Елиф Елмас за кратко време ги воодушеви Италијаните со партиите кои ги прикажува, особено со зрелоста во играта и покрај тоа што се работи за фудбалер кој во септември наполни 20 години.

Според најавите, Милан е подготвен да издвои 30 милиони евра за да го добие потписот на Елмас, сума која е двојно повисока од таа која Наполи ја плати за трансферот од Фенербахче.

Сепак, последниот збор сигурно ќе го има Наполи, кој тешко дека ќе се откаже од својот „дијамант“

Треба да знаете
Последни објави