Search

Мак-ракометот по еденомесечна принудна пауза ја продолжува битката за бодови

Македонската ракометна Суперлига по едномесчечна принудна пауз поради проблемите кои ги предизвика пандемијата со коронавирусот ја продолжува сезонската трка за бодви. На програмата во текот на денешниот ден се дуелите Охрид – Радовиш и Астраион – Струга кои се закажни да се одиграат со почеток од 18.30 часот.

На тестовите кои се одржаа во претходните два дена било констатирано дека суперлигашите имале мал број на заразени со ковид-19 и постојат услови за рестартирање на ракометот во Македонија.

Единствен проблем е екипата на Пролет, кој има голем број на позитивни членови на коронавирус, па ќе мора да почека за да се врати во лигашкиот ритам.

Суперлигашите во Групата А досега одиграа две кола, додека во групата Б се одиграа четири кола.

Треба да знаете
Последни објави