Search

Макрон предлага посилна Европа како противтежа на САД и Кина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се заложи за создавање на „посилна Европа”, која би можела да се спротивстави на американската и кинеската доминација на глобално ниво.

Говорејќи во пресрет на изборите за членови на Европскиот парламент, што ќе се одржат кон крајот на овој месец, Макрон изрази загриженост поради зајакнувањето на екстремистичките ставови и политики во ЕУ, кои, според него, водат до слабеење на Европа.

Макрон смета дека во услови на слаба Европа, светот би можел да се доведе во ситуација да биде предводен од „Г-2″, односно само од САД и Кина.

– Ако ја расцепкате Европа, нема шанси да имате посилна Европа, нагласи францускиот претседател, додавајќи дека ЕУ во изминативе 70 години успеала „мирно да спои 28 силни национални култури”.

Треба да знаете
Последни објави