Search

Макрон повторно предупреди на опасноста од распад на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон во разговор со претставници од регионални медиуми уште еднаш предупреди на големата опасност од распад на Европската Унија, на тој начин правдајќи ја својата вклученост во кампањата за изборите за Европскиот парламент, за што опозицијата отвoрено го критикува.

Во интервјуто објавено од четириесетина регионални весници, Макрон објаснил зошто тој не е само набљудувач, туку и учесник во кампањата за овие избори, пренесува хрватски „Индекс“.

Тој истакнал дека овие избори се најважни уште од 1979 година бидејќи Унијата се соочува со голема опасност.

„Доколку како претседател на држава дозволам да се распадне Европа, која изгради мир и придонесе за напредок, ќе бидам одговорен пред историјата“, објасни Макрон.

Покрај тоа, тој предложи по изборите да се одржи европски обединувачки конгрес, кој ќе ги собере лидерите и граѓаните со цел да се утврди стратегија за Европа во следните пет години.

Треба да знаете
Последни објави