Search

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

 – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Ерусалим изјави дека негирањето на правото на постоење на Израел како држава е нова форма на антисемитизам, пренесоа француските медиуми.

Макрон се наоѓа во Ерусалим за одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц.
Претходно тој денеска разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со претседателот Ревен Ривлин, кој ги поздрави напорите на Франција во борбата против антисемитизмот, вклучувајќи ја и неодамнешната резолуција.
-Антиционизмот, кога се изразува во негирање на постоењето на Израел како држава, претставува антисемитизам, рече Макрон на заедничката прес конференција со Ривлин во Ерусалим.

„Тоа не значи дека не е можно да имаме разлики, да критикуваме едни или други дејствија на израелската Влада, но негирањето на неговото постоење денеска претставува една современа форма на антисемитизам”, дополни францускиот претседател.

Макрон, исто така, кажа дека Франција нема да отстапи пред нуклеарните  амбиции на Иран и дека неговата земја е решена да не му дозволи на Техеран никогаш да се здобие со нуклеарно оружје, пренесоа британските медиуми.

„Во актуелниот контекст Франција е решена на Иран да не му дозволи да се стекне со нуклеарно оружје, но, исто така, ќе избегнеме секаква воена ескалација во регионот”, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави