Search

Макрон најави продолжување на реформите и покрај протестите во земјата

Францускиот претседател Емануел Макрон го искористи традиционалниот новогодишен говор за да упати предупредување до екстремните анти-владините демонстранти дека ќе продолжи понатаму се реформите кои се предвидени уште на почетокот на неговиот мандат.

Тој вети дека ќе го сочува редот во државата и дека ќе ги осуди, како што ги нарече, самоназначените портпароли за омраза. Вети поголема помош за невработените, како и за пензионерите. Напорите за јакнење на меѓународната контрола на имиграцијата и затајувањето на данокот ќе бидат во центарот на вниманието на ЕУ, кои тој планира да ги објави наредните недели.

Најмалку шест лица загинаа, а околу 1.400 беа повредени во протестите поради зголемување на данокот на горивото.

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Германија мора да има поголема меѓународна улога во 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави