Search

Макрон: Нападот врз Сирија може да и помогне на ИД да го обнови калифатот

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека турската офанзива во северна Сирија, што се спроведува кон сириските Курди, е „ризик да и помогне на Исламска држава во обнова на калифатот”, јави ДПА.

-Ја повикувам Турција да ја заврши што е можно поскоро, им рече Макрон на новинарите на прес-конференција во Лион, што беше посветена на борбата против заразните болести.

Турската инвазија, наведува ДПА, исто така, предизвикува „хуманитарен ризик за милиони луѓе”, додаде Макрон.

-Ризокот да и се помогне на ИД во обнова на калифатот, и хуманитарниот ризик, се единствена одговорност на Турција пред меѓународната заедница , предупреди Макрон.

Треба да знаете
Последни објави