Search

Макрон: Лидерите на ЕУ едногласни за договорот со Британија за Брегзит

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека лидерите на ЕУ се обединети околу ставот за Брегзит и својот главен преговарач Мишел Барние го задолжиле да ги продолжи преговорите со Велика Британија во текот на следните две недели.

– Нема поделба. Никој не е за повлекување од договорот, туку едногласна е поддршката за нашиот преговарач Мишел Барние, истакна Макрон по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Тој нагласи дека сите се подготвени за договор, но не по секоја цена, а истото претходно го изјавија и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и германската канцеларка Ангела Меркел.

Треба да знаете
Последни објави