Search

Макрон: Кризата со Жолтите елеци ме наведе да го променам ставот спрема граѓаните

Францускиот претседател Емануел Макрон призна дека кризата со граѓанското движење Жолти елеци „на некој начин била добра” за него, бидејќи го навела да го промени ставот спрема Французите.

– На некој начин ситуацијата со Жолтите елеци беше многу добра за мене…бидејќи ме потсетија што треба да работам. Веројатно оставив впечаток дека сакам реформи против народот. Понекогаш мојата нетрпеливост се толкува како нетрпеливост кон Французите, што не е случај, рече Макрон во интервју за американскиот весник Тајм.

Тој додаде дека е на половина од својот петгодишен мандат и дека се наоѓа во фаза меѓу примена на реформи и појавување резултати.

– Мојот предизвик е подобро да ги слушам луѓето, отколку што тоа го правев на почетокот, рече францускиот претседател.

Европското издание на американскиот Тајм ја посвети насловната страница на Макрон, што е вторпат од почетокот на неговиот мандат во мај 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави