Search

Макрон и Закерберг против екстремизмот на интернет

Генералниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг ќе се сретне во Париз со францускиот претседател, Емануел Макрон, во време кога технолошкиот гигант и Франција се обидуваат на нови начини да се борат против говорот на омраза и насилниот екстремизам на интернет.

Кабинетот на Макрон ќе објави извештај за напредокот на пилот проектот кој им овозможува на француските регулатори да бидат во просториите на „Фејсбук“ за да надгледуваат како компанијата следи и ги укинува расистичките и другите непримерни содржини, пренесе „АП“.

До денешниот состанок доаѓа поради загриженоста по повод говорот на омраза и дезинформациите околу изборите за Европскиот парламент.

Макрон се залага за поголема регулатива на интернетот на европско ниво, покрај противењето на САД и заговорниците на слободата на говорот.

Следната недела, лидерите на Франција и Нов Зеланд ќе се сретнат со технолошките лидери во Париз на самитот чијашто цел е забраната за прикажување на чинови на насилен екстремизам и тероризам на интернет.

Треба да знаете
Последни објави