Search

Макрон итно патува во Бејрут

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе отпатува за Бејрут, каде што ќе се сретне со либанските политички функционери.

Макрон разговараше со либанскиот претседател Мишел Аун непосредно по експлозијата во пристаништето во Бејрут, пренесува француското претседателство.

Тој нареди испраќање на француски сили да му помогнат на Либан, со кој Франција има длабоки историски врски, пренесува „Ројтерс“.

Во голема експлозија во пристаништето во Бејрут загинаа околу стотина луѓе и повредени се илјадници.

Треба да знаете
Последни објави