Search

Макрон им даде ултиматум на француските муслимански лидери да усвојат повелба на вредности

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ги повика муслиманските лидери во земјата да подготват своевидна повелба на вредностите што во иднина ќе се почитуваат, а со која исламот се дефинира како аполитичка религија.

Би-Би-Си денеска пренесе дека тој на вчерашната средба со исламските лидери на Францускиот совет на муслиманската вера им дал рок од 15 дена да ја прифатат повелбата, според која исламот е религија, а не политичко движење.

Исто така, во повелбата се наведувало дека е забрането „странско мешање” со муслиманските групи во Франција, како и обврската за почитување на вредностите на Републиката.

Макрон, исто така, предложил и формирање Национален совет на имами.

Оваа иницијатива и своевиден ултиматум се случува по трите исламистички напади во последниот месец во Франција.

Макрон најави и нови мерки во борбата против, како што во повеќе наврати наведува, „исламистичкиот сепаратизам” во Франција.

Треба да знаете
Последни објави