Search

Макрон забрани увоз на мечки од Словенија

Францускиот претседател, Емануел Макрон ги сослуша барањата на селаните да се стопира програмата за јакнење на популацијата на мечки на Пиринеите, со што ќе се суспендираaт и донациите од Словенија, која донираше неколку десетици примероци од овие животни во Франција во последните 26 години.

Францускиот претседател се согласи да ја суспендира програмата за прифаќање на кафеави мечки од Словенија во француските Пиринеи, која тамошните сточари ја посочуваа како причина за намалување на нивните стада и поради тоа со годнини протестираа, пренесуваат словенечките медиуми, повикувајќи се на француски извори.

„Претседателот ни вети дека ќе престане населувањето на мечки и дека повеќе нема да се дозволува тоа“, истакна лидерот на здружението на пирејските одгледувачи на говеда и овци Жан-Пјер Помиес, додавајќи дека Макрон ги разбрал проблемите што ги имаат селаните и апсурдноста на ситуацијата што довела до прекумерен увоз на мечки на Пиринеите.

На француските мечки во регионот на Пиринеите им се закануваше истребување кон 90-тите години на минатиот век, па беше донесена одлука да се увезат повеќе млади мажјаци и женки за зајакнување на нивната популација.

Сега се верува дека на француските Пиринеи има околу 40 примероци кафеави мечки, повеќето од нив со потекло од Словенија или пак нивни потомци.

Треба да знаете
Последни објави