Search

Макрон: ЕУ не инвестира доволно во својата иднина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека Европската унија треба да се разбуди бидејќи станува континент што не верува во својата иднина.

„Ние не инвестираме доволно во нашата иднина“, рече Макрон на конференцијата за безбедност во Минхен, пренесува „Ројтерс“.

Тој истакна дека би сакал да види Европа што може да го заштити суверенитетот, Европа која е посуштинска и Европа која има ентузијазам за својата иднина.

Макрон рече дека ЕУ треба да го усогласи својот буџет со амбициите за да не заостанува зад САД и Кина, особено во однос на идните технологии.

Треба да знаете
Последни објави