Search

Макрон до Бајден во Белата куќа: Треба повторно да станеме браќа по оружје

Францускиот претседателот Емануел Макрон за време на државната посета на Вашингтон денеска оцени дека Франција и САД треба „повторно да станат браќа по оружје”, соочени со војната во Украина и „повеќето кризи”, јави дописникот на МИА.

Макрон и неговата сопруга Брижит беа примени со големи почести во Белата куќа од американскиот претседател,Џо бајден.

-САД не можеа да бараат подобар партнер за соработка од Франција, рече американскиот претседател во кратката изјава покрај францускиот претседател, нагласувајќи дека сојузот со Франција останува „суштински” за стабилноста во светот.

Бајден ги поздрави, на француски, вредностите на „слободата, еднаквоста и братството” со тоа што со голема помпа го пречека претседателот Макрон во Белата куќа.

Двете земји „се најсилните сојузници бидејќи ова пријателство е вкоренето низ вековите”, рече Макрон.

Треба да знаете
Последни објави