Search

Макрон го повика Путин да ја засили борбата против тероризмот

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика рускиот претседател Владимир Путин да ја интензивира борбата против тероризмот, откако напаѓачот по потекло од Русија го уби наставникот Самуел Пати.

За време на телефонскиот разговор, Макрон го опиша нападот врз наставникот во Париз како „варварски чин“.

Наставникот Самуел Пати (47) е убиен откако на учениците им покажал контроверзен цртеж на пророкот Мухамед.

Убиецот е 18-годишниот Чеченец Абдулах Анзоров.

Полицијата го уби Анзоров по нападот, во близина на училиште во Конфлан Сен Онорин, на северот на француската престолнина.

Макрон рече дека сака да види како се интензивираат француско-руските операции против тероризмот и илегалната имиграција.

Повеќе детали од разговорот со Путин не се познати.

Во меѓувреме, од Кремљ дојде кратката изјава на Путин дека и двете страни имаат интерес да ги засилат напорите за борба против тероризмот и пропагирањето екстремистичка идеологија.

Треба да знаете
Последни објави