Search

Макрон: Владата не е виновна за отпуштање на работници

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на отпуштените работници од фабриката за апарати „Вирлпул“ во родниот град Амиен дека неговата влада не е виновна што не успеа преземањето на компанијата. Во 2017 година, Макрон водеше остра борба со ривалката на изборите, Мари Ле Пен, за гласовите на работниците, и тогаш им рече да веруваат во компанијата што ја презеде фабриката, но која подоцна пропадна, пренесува АП.

Повеќе од 100 работници останаа без работа по второто преземање.

Треба да знаете
Последни објави