Search

Макрон бара одобрување од африканските лидер за француското воено присуство

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа, неколку дена по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, дека лидерите на Западна Африка мора да јасно да кажат дека сакаат француско воено присуство и дека тоа им е потребно.

Макрон рече дека Франција ќе организира самит на 16 декември за да разговара за ова со водачите на Мали, Буркина Фасо, Чад, Нигер и Мавританија, земји кои учествуваат во регионалните антитерористички сили.

„Дали сакаат тие да бидеме таму, дали сме им потребни? Сакам јасни одговори на тие прашања”, рече Макрон, додавајќи дека позитивните одговори се предуслов за престојот на француските трупи во Западна Африка.

Во Мали протестираа против француското воено присуство.

По хеликоптерската несреќа, францускиот претседател повика на преиспитување на вклученоста на Франција и повика на нова „рамка и политички предуслови” за мисијата.

Според него, Франција не била воено ангажирана во Западна Африка од колонијални, империјалистички или економски причини.

– Ние сме таму за безбедноста на регионот и на нашата сопствена безбедност, рече тој.

Воената операција во Сахел ужива широка поддршка во Франција. Тоа е најголемата француска воена операција во странство, со вклучени 4500 војници.

Треба да знаете
Последни објави