Search

Македонци се враќале од Холандија со нов автомобил, кај Врање со судриле со „голф“

Македонци учествувале во тешка сообраќајка во која едно лице загина, а тројца се повредени попладнево во населбата Бресница, недалеку од Врање, Србија.

Во сообраќајната несреќа учествувале две возила. Загинатото лице се возело во автомобилот „голф“ со српски регистарски таблички, кој по судирол излетал од патот. Неколку од патниците се повредени, пренесува српски „Телеграф“.

Според порталот, во другиот автомобил полесно повредени се двајца македонски државјани. Тие се враќале од Холандија, каде само што го купиле автомобилот. Тие имале срежа бидејчи им се отвориле воздушните перничиња, па поминале со лесни повреди.

Причините за несреќата е утврдуваат.

Треба да знаете
Последни објави