Search

Македонци внимавајте на одмор – опасни производи се појавија на црногорскиот пазар

Црногрската Пазарна инспекција деновиве запленила над 39.000 опасни производи од нивниот пазар. Лежалки, детски гумени играчки, кофички за на плажа, полначи за мобилен телефон, сијалици се само дел од опасните производи кои го преплавиле пазарот пред почетокот на летната сезона. Црногорските власти ги предупредуваат туристите пред летната сезона да внимаваат што купуваат.

На црногорскиот пазар минатата и оваа година пронајдени се 39.034 парчиња опасни производи, а 27.963 парчиња стока трајно се забранети.

Од 405 видови на опасни производи, кои  завршиле на пазарот, е трајна забрана заработиле 264 видови. Од таму велат дека нивната Пазарна инспекција минатата година спровела 19.565 инспекции.

Увезени биле 242 видови опасни производи, кои претставуваат сериозен ризик за здравјето на луѓето, посебно децата, во износ од 3.897 парчиња.

Има 22 опасни производи во опсег од 24.066 парчиња. Запленетите производи се опасни за детското здравје, предизвикуваат алергии, но и содржат висока количина на отрови. Полначите за моблни телефони можат да предизвикаат пожар, а детскиот накит лесно се кине и содржи ситни делови кои можат да ги проголтат.

-За другите опасни производи (141 видови во количини од 11.071 парчиња) кои не претставуваат сериозен ризик изречена е привремена забрана на пазарот се додека не се отстранат констатираните неправилности. За 26 видови на опасни производи, во количина од 276 парчиња беше изречена мерка на отповикување на производи, односно тргнати се од пазарот- се вели во годишниот извештај за работата на Пазарниот инспекторат.

За опасни производи со сериозен ризик чијшто промет е забранет засекогаш следи мерка  уништување. Тоа се продолжни кабли, преносни детски светилка, фен, полначи за мобилни телефони, флуоресцентни синџири, светилки, детски очила за сонце.

За увозниците на опасна детска облека, скејтборд, продолжни кабли, синџири блескав, сијалици покренати се четири барања до судот за поведување на прекршочна постапка .

Вкупната вредност на стоката чија продажба е привремено или трајно забранета е 324 256 евра. Причините за трајна забрана за сообраќај се однесуваат на присуството на опасни производи на пазарот со сериозен ризик.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави