Search

Македонците ќе пијат исто пиво и ќе јадат исто чоколадо како и Германците

 Европската комисија подготвува закон со кој веќе ќе нема граѓани од втор ред, односно ќе забрани да се произведува еден ист бренд со рзличен квалитет за различни пазари

Валентина Ангеловска

„Нутела“, „Милка“ чоколадото, „Јакобс“ кафето, но и детергентитеи средствата за лична хигиена од следното лето ќе бидат со ист квалитет за сите пазари. Европската комисија подготвува закон со кој веќе нема да има граѓани од втор ред, односно ќе забрани да се произведува еден ист бренд со различен квалитет за различни пазари. Оваа одлука доаѓа откако хрватската европратеничка Билјана Борзан спроведе истражување со кое се докажа дека граѓаните кои не живет во државите кои се членки на Унијата, јадат понеквалитетни производи за разлика од останатите. Но затоа пак плаќаат многу повисока цена.

Експертите во земјава велат дека законот е одличен и дека конечно Македонците за да  каснат квалитетно чоколадо или да купат квалитетен шампон или прашок за перење не ќе мора да одат на шопинг надвор од границите. 

Во Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека на ваков начин конечно ќе им се стави крај на двојните стандарди.

-Ова е нечесна пазарна пракса на големите компании. Ние веќе имаме регулатива за ова. Ако се испита некој производ и се докаже дека е различен за различен пазар производителот треба да ги трпи последиците- вели Маријана Лончар- претседател на ОПМ.

 За ново истражување 800.000 евра

Цела работа започнапред две години кога европратеничката Билјана Борзан почна со истражување кое третира 27 производи. Беше спроведена анкета меѓу 800 граѓани и тие одлучија кои производи сакаат да бидат во групата за тестирање на квалитетот меѓу хрватски и германски пазар. „Јакобс кронат голд кафе“, „Кока кола“, „Браво“ сок од портокал, „Хајнекен“ пиво, „Милка чоколада“ со лешник, „Монте“ млечен десерт, „Вуди“ виршли се само дел од намирниците кои се испитуваат од страна на Хрватска со цел да докажат дека евроспките и нивните граѓани не јадат иста храна. Освен храната ќе се испитува и „Ариел“ прашокот, омекнувачот „Силан“ но и „Колгејт“ пастата за заби и „Нивеа“ гелот за туширање. Новите производи влегоа во групата на овошен јогурт од јагода на Даннон, „рама“ маргарин, „киндер“ јајце, сос „балила“ за тестенини, инстант кафе „Јакобс“, „Пепси кола“ и „Спрајт“ за кои од почеток се знаеше дека се дел од испитувањето.

За разлика од претходните студии кои се спроведени во Словачка и Чешка, Борзан за прв пат во Хрватска ги вклучи и детергентите и некои средства за лична хигиена, бидејќи и на тие  се пожалиле потрошувачите. Нејзиното истражување покажа дека 64 отсто од граѓаните сметаат дека детергентите и средствата за чистење драстично се разликуваат од квалитетот на пазарите во Западна Европа.

Анализите покажаа дека дека повеќе мултинационални компании имаат различни формули на нивните производи за европски и источно-европските пазари.

 Кафето е горко за сите

Европската комисија покрај нов закон најавува и нови 800.000 евра за доплнителни испитувања.

-Извештајот помина низ три собраниски комисии и сметам дека сите мои колеги ќе застанат зад резултатите кои ги добивме- вели Борзан. Хрватските експерти велат дека иако кафето е горко за сите граѓани кои го купуваат, сепак квалитетот не е ист за сите пазари.

– Помина времето кога големите мултинационални компании се однесуваа како да сме граѓани од втор ред. За германскиот пазар повеќе лешници, помалку шеќер, за останатите се кратеше на се- изјавуваше Борзан. Според неа големите фирми треба да бидат потранспарентни и јасно да ги рекламираат промените кои ги имаат направено во квалитетот и пакувањето. Организациите на потрошувачите треба да помогнат во работата на терен и аргументирано да водат кампањи со кои ќе се борат сите да добијат исто за своите пари.

Треба да знаете
Последни објави