Search

Македонско-српските билатерални односи тема на конференција на Конрад Аденауер и Центарот за надворешна политика во Белград

Онлајн конференција на тема „Северна Македонија и Србија: европските и регионални безбедносни аспекти на билатералните односи на Северна Македонија и Србија – низ призмата на безбедносна архитектура на Југоисточна Европа” организираат денеска во Белград  германската фондација Конрад Аденауер и Центарот за надворешна политика од Белград. Конференцијата ќе се одржи по пат на примена на средствата за електронска комуникација меѓу Скопје и Белград. 

Со соговорниците од нашата држава и од Србија ќе се дебатираат и анализираат односите меѓу двете држави, преку анализи и размена на идеи за идниот развој на билатералните односи во контекст на европските интеграции и безбедносните аспекти на Северна Македонија и Србија.

Од Скопје ќе говорат поранешниот македонски премиер Емил Димитриев, универзитетскиот професор и проректор од Факултетот за безбедност-Скопје Марјан Ѓуровски и Симонида Кацарска од невладиниот сектор. Говорници од Белград  се професорот Драган Ѓукановиќ од Факултетот за политички науки, Сузана Грубелиќ, поранешен вицепремиер за европски прашања на Србија и Стефан Бошковиќ од невладиниот сектор.

Конференцијата ќе ја отворат директорите на Фондацијата „Конрад Аденауер” од Белград и Скопје Норберт Бекман Диркен и Даниел Браун.

Треба да знаете
Последни објави