Search

Македонски шлепер се преврте на автопатот Ниш – Белград

Камион со македонски регистарски таблички утринава околу 8:30 се превртел на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун кај Алексинац, објави новинската агенција Бета.

Шлеперот го возел 38-годишен возач, македонски државјанин. Според полицијата, возачот со Брза помош бил префрлен и Клиничкиот центар во Ниш, но нема информации за тежината на неговите повреди. Сообраќајот на таа делница од автопатот кон Белград е запрен, откако кабината и приколката од камионот целосно го препречиле патот. Кабината, според тамошните медиуми, делумно ја пробила и заштитната ограда.

Причините се превртување на камионот не се познати.Сообраќајот ќе биде во прекин се додека камионот не биде тргнат од коловозот.

Треба да знаете
Последни објави