Search

Македонски фудбалер и хрватската Кардашијан ќе стапат во брак

Една од сестрите Јурчевиќ, во Хрватска познати како Кардашијан, Лана ќе стане македонскаа снаа пренесуваат тамошните медиуми. Станува збор за ќерката на поранешниот тренер на Динамо, Никола Јурчевиќ, која на на 27. декември ќе го каже судбоносното „да“ со македонскиот фудбалски интернационалец  Ристо Митревски. Според хрватските медиуми двојката чека принова, а свадбената веселба ќе се случи во Скопје.

Лана и Ристо се во врска од 2016 година кога македонскиот фудбалер настапуваше за Истра 1961. Сега Митревски е интернационалец во редовите на кипарски Еносис.

Лана и нејзината сестра Лаура се популарни на социјалните мрежи, па затоа ги нарекуваат и хрватски Кардашијан.

Треба да знаете
Последни објави