Search

Македонски концепт: ОК на ВМРО ДПМНЕ користеше деца за нанесување штета на нашиот караван во Струмица

Македонски концепт соопшти дека остро го осудува обидот на извесни политички субјекти да ја оцрнат нивната кампања со копирање на нивните симболи и инволвирање на деца во промотивни политички цели.

„ Уште полошо во овој случај се искористени деца за водење црна, неетичка политичка кампања со цел дискредитирање и оцрнување на противникот. Денеска откако карванот на Македонски концепт беше во Струмица и имаше средба со граѓаните на Струмица, од извесен политички опонент, за кој имаме индикации дека станува збор за ОК на ВМРО-ДПМНЕ, беа употребени и инструирани малолетни деца кои беа облечени во маички со симболите на Македонски концепт и беа испратени низ градот да делат промотивни материјали.

Македонски концепт целосно се оградува од овој потег и остро го осудува овој обид за фалсификат и злоупотреба на деца. Со овој крајно низок чекор неетичноста во политичката кампања ги преминува сите граници.

Изборниот тим на Македонски концепт бара од ДИК, ОЈО и МВР итно да постапат и да ги откријат сторителите. За овој настан ќе ја информираме Детската амбасада Меѓаши, ОБСЕ и Хелсиншки комитет!

Македонски концепт е платформа која се залага за слобода, спокој и солидарност меѓу сите граѓани на државата и притоа се придржува кон етичките и хумани вредности. Ваквата политичка кампања се коси со сите принципи на Македонски концепт“ велат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави