Search

Македонски концепт започнува едукативна кампања за борба против Ковид-19 “Да ја живееме новата нормалност, доволно едуцирани!”

Македонски концепт, во рамки на своите скромни можности, започнува со едукативна кампања под мотото ”Да ја живееме новата нормалност, доволно едуцирани!”, со која се вклучува во борбата против Ковид-19, преку едукација на граѓаните и силна мотивација да ги почитуваат мерките и се грижат за сопственото здравје.

Борбата со Ковид-19 не е завршена. Секој за себе е одговорен. Секој граѓанин мора да биде совесен, со тоа што ќе се грижи пред се за сопственото здравје, а потоа и за здравјето на најблиските.

Да им помогнеме на здравствените работници, кои секојдневно го изложуваат својот живот на ризик, без разлика дали тоа им е професија и задача! Да не бидеме себични и егоисти!

Ние не ја поддржуваме политиката на Владата за драконски казни со цел почитување на мерките за заштита, туку да започнеме со едукација и силна мотивација на населението. Од секого се очекува разум. Само така може да влијаеме на индивидуалната и колективна свест.

“Корона вирусот не ги дели граѓаните по политичка припадност, или пак националност или вера. Напротив, го напаѓа секој еден кој не е одговорен, без разлика дали е припадник на една или друга политичка партија, една или друга религиозна група. Ги повикувам сите политички субјекти во државата да се приклучат во оваа кампања.  Да се заштитиме пред да биде предоцна. Да бидеме совесни граѓани!” вели Петар Богојески од Македонски концепт.

Треба да знаете
Последни објави