Search

Македонски државјанин изгоре во Италија

Македонскиот државјанин Сефери Рустон (48) бил пронајден мртов во зграда во местото Исола Капо Рикуто во Италија, информираат тамошните медиуми.

Јагленисаното тело на Сефери го пронашле пожарникари гасејќи го пожарот. Тој целосно изгорел во котларата на објектот на фирмата „Квадрифољо“ која се занимава со кетеринг.

Македонскиот државајнин работел како хаус-мајстор.

Според неофицијалните информации, Сефери го предизвикал пожарот самиот откако полнел бензин во својот автомобил. Тој влегол во котларата каде имало канистри со гориво кое го претурувал во автомобилот. При тоа не го затворил резервоарот на возилото и во еден момент дошло до искрење кое го запалило бензинот.

Треба да знаете
Последни објави