Search

Македонските фудбалски надежи ремизираа и во вториот контролен дуел со Унгарија

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 18 години попладнево одигра 2:2 на гостувањето во Ѓер кај соодветната селекција на Унгарија.

Унгарците први дојдоа во водство по седум минути игра, а потоа за само две минути, од 34-36. минута „црвено-жолтите” направија резултатски пресврт со головите на Бесар Гуџуфи и Никола Павлески.

Сепак, избраниците на селекторот Неџат Шабани, слично како на мечот пред два дена, во финишот (80. минута) примија гол и пропуштија да слават победа.

Во вторникот, двете репрезентации одиграа нерешено 1:1.

Треба да знаете
Последни објави