Search

Македонските ракометарки поразени на Шампионатот во Литванија

Младинската женска репрезентацијата на Северна Македонија претрпе пораз од Швајцарија, со резултат 34:22во второто коло од ЕХФ W19 2019 Шампионат во Литванија.

Почетокот на натпреварот почна израмнето за двете репрезентации, а потоа ракометарките на Швајцарија наметнаа силно темпо на игра и на полвреме да заминат со седум погодоци предност, 19:12.

Во второто полувреме нашата репрезентација не успеа да стигне до изненадување и натпреварот заврши 34:22 во корист за Швајцарија.

Следен натпревар на Северна Македонија е утре во 18:00 часот, а нејзин  противник е домаќинот Литванија.

Треба да знаете
Последни објави