Search

Македонските ракометарки во првиот барабан за извлекувањето на претквалификациските групи за СП 2021

Македонската репрезентација е дел од првиот барабан за претстојното извлекување на претквалификациските групи за женското ракометно Светско првенство во Шпанија што ќе се одржи во период од 1 до 19 декември 2021 година. Во првиот шешир се уште и: Австрија, Белорусија, Словачка и Турција.

Втор барабан: Украина, Италија, Исланд, Швајцарија и Португалија.

Трет барабан: Литванија, Фарски Острови, Косово, Израел и Финска.

Четврти барабан: Грција и Луксембург.

Извлекувањето на квалификациските групи за СП 2021 е закажано за денеска од 15 часот во Виена.

Термините на одигрување на натпреварите се од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември. Ќе се формираат пет групи (две со по четири, три со по три селекции), а прво и второпласираните обезбедуваат место во баражот.

Треба да знаете
Последни објави