Search

Македонските одбојкари стартуваа со победа во Европската сребрена лига

Македонската одбојкарска репрезентација со победа ја почна новата сезона во ЦЕВ Европската сребрена лига, откако вечерва во Скопје ја совладаа Босна и Херцеговина со 3-0 (25-16, 25-17, 25-23).

Во дебитантскиот натпревар на новиот селектор Ратко Павличевиќ, македонските одбојкари рутински ја забележаа првата победа во групата Б.

Неизвесност донесе само третиот сет во кој гостинските одбојкари водеа со 19-18, по што „црвено-жолтите” повторно се вратија во ритам и забележаа максимална победа пред домашните гледачи во салата „Борис Трајковски”.

Следен противник на македонските одбојкари ќе биде Романија на гостински терен, в сабота, по што следуваат двата натпревари против Албанија.

Во премиерниот натпревар од групата Б, Романија вчера триумфираше на гостински терен над Албанија со 3-1.

Треба да знаете
Последни објави