Search

Македонските одбојкари со пораз стартуваа на Медитеранските игри во Алжир

Mакедонската машка одбојкарска репрезењнтација загуби од Египет убедливо со 3:0 (25:23, 25:23, 25:20) во својот први натпревар на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Македонските одбојкари во првите два сета  беа достојни противници стаса до неизвесна завршница, но Египќаните беа подобри во решавачките моменти за освојување на сетовите.

Капитенот на Никола Ѓорѓиев оствари 22 поени, Милев, кој во Европската сребрена лига повремено играше либеро, запиша осум поени. Илиев имаше пет поени, еден помалку Савовски, по два Деспотовски и Костиќ, а еден Ѓорѓи Ѓорѓиев 1.

Вториот меч во Оран одбојкарите ќе го имаат во вторник против Италија кои на стартот со 3:0 беа подобри од Египет.

Треба да знаете
Последни објави