Search

Македонските надежи до 17 години ремизираа со врсниците од Србија

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години одигра нерешено, 0-0 против селекцијата на Србија на првиот пријателски натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Во натпревар без многу возбудувања, најдобрата прилика македонската селекција предоводена од Драган Канатларовски ја имаше во првото полувреме преку Ерион Шуку. Нашиот голман Стефан Тасев пак, одбрани голема прилика за водечки гол на Србија во првото полувреме.

Во второто полувреме, со многу замени во двата тима за одбележување се двете шанси за гостинските фудбалери, но среќата беше на страна на нашите млади фудбалери.

Вториот контролен меч меѓу селекциите на Македонија и Србија ќе го одиграат во четврток од 11:00 часот, исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Треба да знаете
Последни објави