Search

Македонските надежи домаќини на претквалификациски турнир за ЕП

Од утре па до 19 ноември, во Скопје на терените од СЦ „Петар Милошевски“ крај зградата на Фудбалската федерација на Македонија ќе се одржи претквалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство за играчи до 19 години. Македонија е домаќин на Групата 11, каде ќе настапат и соодветните селекции на  Англија, БиХ и Луксембург. На крајот од претквалифиакцискиот турнир првопласираните две слекции ќе обезбедат настап во квалифиакциите за ЕП-2020 чија завршница  ќе се одржи во Северна Ирска.

Македонија утре претквалификациите ќе ги почне против Босна и Херцеговина (13 ч.) на 16. ноември (13:00 часот) ќе игра со Англија и на 19. ноември (13:00 часот) со Лукембург.

Англија е фаворит за првата позиција, а избраниците на селекторот Горан Станиќ  шанса за пласман на втората позиција и продоклжување на квалифиакцискиот циклус ќе ја бараат во дуелите со БиХ и Луксембург. Поради повреди предквалифиакцискиот турнир ќе го прескокната  Ибиши, Трпчевски и Таири, на кои последен им се приклучи и капитенот Тодоровски.

Треба да знаете
Последни објави