Search

Македонските надежи бараат помош од навивачите за да ја елиминираат Португалија

Домаќинот на ракометниот Мундијал за играчи до 19 години, Македонија, вечерва (20.45 часот) во салата „Борис Трајковски“  во Скопје ќе играат меч од осминафиналето со Португалија. Македонија е аутсајдер во дуелот со Португалија која групната фаза ја заврши без пораз. Овој податок не ги обесхрабрува избраниците на селекторот Данило Брестовац, кои очекуваат помош од тибините за да се изненади фаворитот.

-Против Португалија мораме да го одиграме најдобриот меч на првенството, ако сакаме да продолжиме со настапите во наредната елиминаторна фаза. Помошта од трибините ќе ни биде повеќе од потребна – вели првиот стрелец на СП по групната фаза , Ненад Костески

И Ракометната федерација на Макеоднија испрати покана до сите љубители на спортот, а посебно на ракометот да дојдат на трибините и да им помогната на младите ракометари во остварување на целта.

Треба да знаете
Последни објави