Search

Македонските кошаркарки загубија од Германија во квалификациите за женскиот Евробаскет 2023

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз 41:73 ги стартуваше квалификациите за Евробаскетот 2023 година. Македонките одиграа одлично прво полувреме на гостувањето во Хале, и имаа водство со 30:26, по што следуваше сериозен пад во играта во второто, во кое фаворизираниот тим на Германија направи пресврт и победи.

Германките на крајот имаа двојно повеќе скокови 48/24.

Следна шанса за прва победа на избраничките на селекторот Александар Ашаданов ќе ја имаат на домашен терен, во недела навечер, во СРЦ „Кале”, од 19 часот, каде ќе гостува состав на Босна и Херцеговина.

Треба да знаете
Последни објави