Search

Македонските клима уреди предвидуваат ладно лето! Како да го одберете вистинскиот?

Веќе започнаа високите температури како најава за топлите температури ова лето. Ако веќе почнавте со барање на соодветниот начин како разладени да го поминете летниот период и пеколните горештини, сигурно знаете дека постојат многу начини, но истите се краткотрајни. Единствениот метод за долгорочно разладување во лето, но и за затоплување во зима е секако клима уредот – неопходен за комфор на сите членови од семејството.

Користењето на клима уред во нашите домови придонесува за пријатна температура во домот во зависност од временските услови. За оние кои што имаат проблеми со синусите, проблеми со алергии или пак за оние лица кои што имаат проблеми со движењето, клима уредот е одлично решение за прочистување на воздухот и одржување на оптимална температура во воздухот.

Многу е важно да се знае дека клима уредот ја намалува и влажноста во воздухот, но придонесува во спречување и на одредени промени во расположението, на пример кај лицата кои страдаат од метеопатија. Модерен уред што лади, грее, вентилира и овозможува проток на свеж воздух низ целиот дом и целото семејство.

Секој дом се разликува кога е во прашање големината, па така е и со клима уредите – создадени да одговорат на потребите на секој дом со својот капацитет на моќност. Имено, капацитетот на клима уредите се мери во btu (Британска термална единица).

На пример, за просторија од 20-30 m² ви е потребен клима уред со капацитет од 9000 btu. За просторија од 30-45 m² клима уред со капацитет 12000 btu, за просторија со големина од 45-70 m² потребен ви е клима уред со капацитет од 18000 btu, додека пак за просторија од 70-90 m²  клима уред со капацитет од 24000 btu.

Додека се одбира капацитетот на клима уредот, препорачливо е внимателно да се донесе вистинската одлука, правејќи споредба помеѓу сите клима уреди на пазарот и секако да се одбере најдобриот и најиздржливиот.

Доколку вашиот дом или просторија е со големина од 30-45 m², за вас е совршен економичниот и квалитетен клима уред 12000 BTU ON/OFF на македонскиот бренд Favorit. Со капацитетот за ладење 12000; 3520 и влезната моќност за ладење 1100 W, брзото постигнување на посакуваната температура е загарантирана. Тоа е клима уред со сплит систем, составен од два посебни дела: внатрешна и надворешна единица.

Но, доколку ви е потребен клима уред за ладење, но и греење, на поголем простор од 45-70 m², за вас е клима уредот 18000 BTU инвертер модел исто од македонскиот бренд Favorit, кој што има карбонски филтер, вграден јонизатор и eнергетска класа А++ за ладење. Тоа значи дека во вашиот дом ќе инвестирате во квалитетен клима уред, кој што истовремено ќе биде и економичен при користењето, со гаранција од 5 години. Со супер модерен дизајн и најдобри перформанси, овој инвертер клима уред е тивок и ја одржува свежината во домот на високо ниво, со проток на воздух < 800 m3 на час и одвлажнување 1,5 L на час. Инвертер технологијата, повеќекратно ги враќа вложените средства преку заштеда на пари и енергија, како и зголемен комфор. Инвертерот го скратува времето на работа на системот, така што бараната температура се постигнува многу брзо. Штом се постигне потребната температура, инвертерот дава константно одржување на истата.

Она што инвертер клима уредите на Favorit го гарантираат како инвестиција на долг рок е влезната моќност на потрошувачка од 1660 W, како и големата заштеда, за разлика од стандардните клима уреди.

Кој не би сакал да заштеди во овие времиња?

Одберете квалитет и економичност додека уживате под квалитетните клима уреди, затоа што најголем дел од енергијата што се троши во домаќинствата, речиси 50% се должи на системите за греење и ладење.

Македонските клими предвидуваат ладно лето, останува да одберете која е вистинската за вас за спас од летните горештини.

Треба да знаете
Последни објави