Search

Македонските кадети ќе се борат за десетото место на 17. Медитерански ракометни игри во Атина

– Против репрезентацијата на Кувајт која има двојно помалку бодови од нас, македонската кадетска ракометна репрезентација утре ќе се бори за второ место во групата и десетто место на 17. Медитерански игри што се одржуваат во грчката престолнина, јави дописничката на МИА од Атина.

По денешната убедлива победа над Саудиска Арабија, нашите ракометари се на втората позиција со 12 бодови, а потоа следат Мароко со десет, Саудиска Арабија со осум, Кувајт со шест и Турција со пет бода.

Домаќинот Грција со 18 бодови е прв на табелата во разигрувањата за пласман од деветтото до 14-то место и независно од исходот на утрешниот натпревар со Мароко, го обезбеди деветтото место на шампионатот.

Освен Северна Македонија- Кувајт и Грција – Мароко, утре се игра и натпреварот Саудиска Арабија – Турција.

Треба да знаете
Последни објави