Search

Македонските девојки паднаа и на вториот тест со Србија

Македонската женска ракометна репрезентација и вторпат е поразена контролните натпреаври со Србија во Стара Пазова. Овојпат утешително е тоа што девојките загубија само со еден гол разлика (20:19) додека на вчерашната контрола поразот беше убедлив (33:25).

Македонските ракометарки одиграа добар меч. Во првото полувреме покажаа дека ќе бидат достоен противник и заминаа на паузата со 11-13, по што во вториот дел успеаа да му парираат на ривалот, но не направија и резултатски пресврт.

Србија се подгтовува за настап на Светското првенство кое ќе се одржи во Шпанија, додека Македнија е прва резерва и може да влета на завршниот турнир ако некоја од репрезентациите го откаже својот настап.

Треба да знаете
Последни објави