Search

Македонските девојки на поправен против Австрија

Македонската женска фудбалска репрезентација, денеска против Австрија на Арената „Тодор Проески“ (18 ч.) ќе го игра вториот натпревар во квалификациската група за пласман на Светското првенство во 2023 кое треба да се одржи во Австралија и Нов Зеланд. Избраничките на селекторот Кирил Изов по убедливиот пораз на стартот од апсолутниот фаворит во групата Англија (0:8) на гостувањето во Саутемптон, како домаќинки ги очекува уште еден голем предизвик. Австрија на стартот ја победија Летонија со 8:1 иако домаќинките први дојдоа до водство. На овој натпревар репрезентацијата на Австрија четири гола постигнаа во финишот. Со Австрија, македонската репрезентација беше во иста квалификациска група на патот кон Европското првенство и двата натпревари ги згуби со по 3:0.

Пред дуелот со Англија, најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова посочи дека токму против Австрија треба да ја бараме шансата за бодови од овие два дуели.

– Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на овој меч, изјави Андонова.

 

Треба да знаете
Последни објави