Search

Македонскиот репрезентативен „бомбардер“ на цена овој преоден рок

Македонскиот фудбалски репрезентативен „бомбардер“ Енис Барди (24 г.) е на цена како наближува летниот преоден рок. Барди кој настапува за шпанскиот Леванте со своите игри и удари кои им ги вжештуваат дланките на голманите, или пак само ги остава да ја следат топката со поглед како завршува во нивните мрежи, го привлекува вниманието на повеќе европски гиганти.

Според спортските медиуми за потписот на Барди во трка влегуваат лутите турски ривали од Истанбул, Галатасарај и Фенербахче. Претходно се појави и англискиот премиерлигаш Арсенал кој подготвил понуда од 20 милиони евра.

На потег ќе биде Леванте со кого Барди има договорна обврска до 2022 година. Според трансфермаркет пазарната цена на Барди е 15 милиони евра, но доколку продолжи со добрите настапи несомнено дека таа брзо ќе порасне.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави