Search

Македонска репрезентативка меѓу ракометарките на Корона Брашов кои паднаа на допинг тест

Македонската репрезентативка, Наташа Нолевска е дел од групата на ракометарки од  романскиот клуб Корона Брашов кои не го поминале допинг тест. Седумте ракометарки на „Корона Брашов“ меѓу кои и Нолевска биле третирани на терапија со интравенски ласер во клиниката во Брашов.Таквата терапија е забранета од ВАДА и се смета за нелегална.
Сите ракометарки потврдиле дека ја користеле таа терапија, а романската антидопинг комисија откако ќе ги сослуша сите спортистки ќе ги одреди казните.

Ракометарките се суспендирани од 27 ноември, а на четврти декември се очекува да биде соопштено какви ќе бидат казните.
Три од ракометарките се репрезентативки на Романија, Кристина Ласло, Бјанка Базалиу и Дацијана Хосу, тие нема да настапат на престојното Светско првенство во Јапонија. Покрај казните за играчите можно е и суспендирање на клубот од европските клупски натпреварувања.

Треба да знаете
Последни објави